4.8 C
Скопје
19:07 - 23 февруари, 2025

(Фото) Луксузниот стан на Ивана Трамп не се продава ни за поевтина цена: Еве како изгледа гламурозниот дом

Пентхаусот на Менхетен, кој и припаѓаше на покојната сопруга на Доналд Трамп, Ивана, кој агентите неуспешно се обидуваа да го продадат веќе две години, поевтини за 7 милиони долари, пренесува Domain.

Луксузниот имот на ексклузивниот Апер Ист Сајд беше ставен на продажба уште во ноември 2022 година за 26,6 милиони американски долари, четири месеци по смртта на Ивана. Минатата година цената падна на 22,5 милиони американски долари, а сега се нуди по цена од 19,5 милиони американски долари.

Ивана Трамп во 1992 година ја купи петкатницата помеѓу луксузната Петта Авенија и Медисон во Њујорк, која претходно припаѓаше на стоматолошка клиника, за 2,5 милиони долари. Ова се случи неколку години по нејзиниот развод од Доналд Трамп (нивниот брак траеше 15 години).

Комплексот со 17 соби со површина од 810 метри квадратни целосно ја отсликува љубовта на Ивана кон луксузот и сјајот. Внатрешноста се одликува со величествени заоблени скалила, огромни лустери, накитени балдехини над креветите, сатенски завеси, но и луксузни тешки пердиња, розов мермер и бањи со огледала, како и златни детали насекаде на ѕидовите. Библиотеката е дизајнирана со леопард-принт, тука се луксузните слики со животни, а бањата е во розова нијана. Едната дневна соба е опремена во Версај стил, а другата е во империјален стил.

„Вака би живеел Луј XVI да има пари“, напиша г-ѓа Трамп свпевремено во својата книга.

На 14 јули 2022 година, поранешната сопруга на Доналд Трамп почина откако падна по скали во нејзиниот стан. Скалите имаат прилично сложена заоблена форма, а Ивана во последните години злоупотребувала алкохол. Таа била пронајдена без свест во подножјето на скалите со повреди кои беа фатални за нејзиниот живот. Причина за смртта е наведена како несреќен случај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana trump (@lvanatrump)

Ивана беше чешко-американска манекенка која се омажи за Трамп во 1997 година и има три деца со тајкунот – Иванка, Ерик и Доналд Џуниор.

Тие се разведоа во 1990 година. Трамп беше еден од нејзините четворица сопрузи.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Карлеуша се присети на својата покојна баба Дивна: „Ми недостига…“

Еспресо

(Фото) „Ти благодарам Господе!“: Ирина и Павле Камилоски ги слават првите 40 дена со Лена!

Еспресо

Аца Лукас со шокантна исповед: Бев интимен со Ана Севиќ пред да се омажи за Дарко Лазиќ, а потоа и пред крајот на мојот брак

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац ужива за сите пари во Дубаи: Пејачката во костим за капење ги остави мажите без здив

Еспресо

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ застана во одбрана на Милица Павловиќ, а Карлеуша жестоко ја нападна!

Еспресо

Хороскоп за 23 февруари: Лавовите во мака поради пари, Вагите поради обврски, а вие?

Еспресо
Се вчитува....