12:49 - 3 април, 2026

(Фото) Леонардо Ди Каприо ужива на Ибица со ново девојченце: Моделката има 22 години, омилениот „просек“ на глумецот

Папараците го фотографираа актерот Леонардо ди Каприо со нова девојка на јахта на Ибица. Фотографиите се појавија во британскиот Дејли меил.

Новата девојка на 48-годишниот Леонардо ди Каприо е моделот Меган Рош. Убавата манекенка е повеќе од двојно помладата од актерот – има само 22 години.

На фотографиите Ди Каприо е уловен со очила за сонце и во шорцеви за капење. Рош пак, носеше едноделен костим за капење, кошула и панталони со ластик. Модниот изглед на девојчето беше надополнет со плетена чанта и кожени влечки.

Во мај 2023 година, Леонардо ди Каприо ја запозна својата мајка Ирмелин Инденбиркен со 28-годишната манекенка Нилам Гил. Тие вечераа заедно во лондонскиот Chiltern, но очигледно врската неславно заврши.

Камила Мороне, беше последната официјална девојка на Леонардо ди Каприо. Актерот и моделот почнаа да се забавуваат во 2018 година, а раскинаа минатото лето.

По раскинувањето со Мороне, Ди Каприо влезе во романса со повеќе млади моделки, но го поврзуваа и со славните моделки Џиџи Хадид и Ирина Шајк.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....