Ленче Кукиќ сподели момент што ги стопли срцата на нејзините обожаватели – фотографија со легендарната Виолета Томовска.
Ленче Кукиќ на своите социјални мрежи објави преубава фотографија со доајенката на македонската народна песна, Виолета Томовска. Фотографијата зрачи со искрена топлина и почит. Двете настапија на концертот во чест на Милан Завков во Скопје.
Она што овој момент го прави уште повпечатлив е изборот на музика во објавата. Кукиќ како музичка подлога ја избрала незаборавната песна на Виолета Томовска – „Ах, вие мои луди млади години“.
На фотографијата, Ленче и Виолета се во елегантни модни комбинации – Кукиќ во фустан со детали од тантела, а Томовска во поедноставен црн фустан, што додава доза класична софистицираност на фотографијата.

