30.8 C
Скопје
09:59 - 22 август, 2026

(Фото) Кучето на Тито предизвикало дипломатски инцидент

Јосип Броз Тито имал три волчјаци кои го носеле истото име: Тигар. Најпознат бил првиот Тигар, кој бил дел од повеќе меѓувладини состаноци, а еднаш за малку не предизвикал дипломатски инцидент.

Хрватската медиумска агенција „Индекс“ објави напис од 1983 година во соработка со веб-страницата „Југопапир“ во кој се пишува за авантурите на Тигар. Според написот, Тигар никогаш не се двоел од претседателот. Во една пригода тој играл улога во важни политички разговори во Италија.

Во 1944 година командантот на сојузничките сили во Средоземјето, генерал Вилсон, го повикал Тито да се договорат за усогласување на воените операции против Германците. Тито го зел Тигар со себе на разговорите во Италија, кои започнале со голема тензија.

– Никој сè уште не изустил збор, а било очигледно дека секој размислува како да го започне разговорот – изјавил тогашниот британски командант Фицрој Меклин.

Но набрзо ситуацијата била спасена, делумно благодарение на Тигар. Додека келнерот испуштил голем сад со храна, Тигар се разбудил од сон и почнал да лае и да ги каса по нозете оние што седеле на масата. Додека траел хаосот, Вилсон и Тито почнале да се смеат на ситуацијата и исчезнала тензијата.

Заедно со Тито, Тигар патувал и на други разговори. Во 1948 година, кога Југославија била во судир со Сталин, Тигар предизвикал мал дипломатски инцидент. Тие денови, според сеќавањето на Милан Жежељ, прв аѓутант и началник на обезбедувањето на врховниот командант, Тито ги повикал сите амбасадори во Југославија. Меѓу амбасадорите бил и советскиот амбасадор.

– Не знам зошто, но волчјакот на Тито, Тигар, веднаш почна да ‘ржи. Тито го смируваше, но залудно. Дојде дури и до мал инцидент бидејќи кучето скокна и го фати Леврентиев за ногата. Веднаш го дезинфицираа, Тигар беше строго казнет, а другарот Тито мораше да му се извинува на советскиот амбасадор – раскажал Жежељ.

Тито првпат не го понел Тигар на патување кога во 1953 година ја посетил Велика Британија. Тигар тогаш бил во лоша состојба, бил стар и болен. Ветеринарите се грижеле за него.

Кога се вратил претседателот, Тигар со последни сили се качил со предните шепи на него и го лизнал, а потоа се повлекол и починал, раскажал близок пријател на Тито

Слични објави

Дневен хороскоп за 22 август: Не реагирајте импулсивно, бидете толерантни

E.A.

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.
Се вчитува....