10:04 - 13 ноември, 2026

(Фото) Кратка фризура и шишки – целосна трансформација на Аница Лазиќ

Партнерката на актерот Лазар Ристовски, Аница Лазиќ, ја шокираше јавноста со најновата и сосема неочекувана трансформација.

Таа одлучи да направи огромен чекор и да ја замени својата препознатлива долга коса со ултракратка, момчешка фризура со прави шишки.

На црно-белата фотографија, Аница позира во лакиран капут, гордо покажувајќи го својот нов, поостар и помодерен имиџ.

Оваа драстична визуелна промена веднаш започна лавина од коментари на социјалните мрежи, каде што сите се прашуваат што стои зад овој смел чекор и дали станува збор за фризура само за некое снимање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anica Lazic (@anicalazicofficial)

Додека некои го фалат нејзиниот смел потег и тврдат дека овој стил совршено ѝ одговара, други се прашуваат како 39-години постариот партнер ќе реагира на оваа нејзина фаза.

„Менувам лица толку многу што дури ни алгоритмот веќе не е сигурен која сум“ – напиша Аница.

Да потсетиме, актерот Лазар Ристовски и Аница Лазиќ, која е 39 години помлада од него, се во среќна врска неколку години и не обрнуваат внимание на злобните коментари. Тие ја криеја својата романса околу една година, а ја започнаа по неговиот развод со Даница Ристовски, со која актерот има два сина.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....