14:04 - 13 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Лајонел Ричи се омажи според еврејска традиција: Три невестински тоалети од Шанел, а младоженецот со кипа на главата

Се омажи ќерката на пејачот Лајонел Ричи, 24-годишната Софи Ричи, пренесуваат странските медиуми.

Елиот Гранџ стана сопруг на моделката. Свадбената церемонија се одржа во хотелот du Cap-Eden-Roc на француската ривиера и беше организирана според еврејскиот обред – бракот го склучил рабин, младоженецот носел кипа на главата (еврејска капа), а цеременијата се случувала под традиционален еверојски свадбен шатор. Софи Ричи преминала во јудаизам пред да се омажи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

На венчавката присуствуваа родителите на невестата, Лајонел Ричи и Дајан Александар, таткото на младоженецот Лусиен Гранџ и маќеата Каролин Гренџ. Секако, тука биле и нејзината сестра Никол Ричи и партнерката на нивниот татко Лиза Париси кои радосни дошле да ѝ честитаат на невестата.

За време на свеченоста, невестата сменила три дизајни на Шанел, скроени по нарачка, по нејзина желба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Инаку, Софи Ричи тесно соработувала со креативниот директор на француската модна куќа Виржини Виард за да ги оствари своите соништа за гардероба за свадбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Weddings (@vogueweddings)

Главниот дел од свадбената церемонија се одржа во сабота на 22 април.

Претходно беше објавено дека Лајонел Ричи изјавил дека е пријатно изненаден од поканата да зборува и да пее/свири на крунисувањето на Чарлс III, која со задоволство ја прифатил.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....