15.8 C
Скопје
13:49 - 9 март, 2026

(Фото) Ќерката на Еди Марфи, Бриа се омажи за Мајкл Ксавиер: Таткото ја отпрати до олтарот и танцуваше на подиумот

Ќерката на Еди Марфи, Бриа се омажи за актерот Мајкл Ксавиер во Беверли Хилс: Таткото на холивудската ѕвезда ја придружуваше својата ќерка до олтарот, а потоа уживаше да танцува со неа среде подиумот. За крај следуваше говор: „Ви посакувам само љубов и среќа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hip Hop U-C-IT 🏁 (@hhucit__)

Бриа Марфи, ќерката на познатата холивудска ѕвезда Еди Марфи, се омажи за актерот Мајкл Ксавиер. Во саботата на 9 јули во Беверли Хилс, парот ја прослави својата венчавка со пријателите и семејството на романтична локација, меѓу цвеќиња, растенија и различни светла. Невестата е најстарото од десетте деца Марфи, таа е родена во 1989 година од мајката Никол Мичел, во истата година на раѓањето на нејзиниот брат Ерик, роден од врската на актерот со Полет Мекнили. Тато Еди Марфи ја одведе својата ќерка до олтарот, а потоа уживаше танцувајќи со неа во центарот на подиумот на свадбената веселба.

Верската церемонија пак, се одржа во попладневните часови. Потоа следуваше и семејна фотоградија заедно со мајката Никол Мичел.

Еди одржа и мал говор: “Многу сум горд, многу среќен, што ве гледам сите овде. На младенците Бриа и Мајкл им посакувам љубов и среќа”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Murphy (@nikimurphy)

Церемонијата, пишува Пипл, се одржала со околу 250 гости: меѓу нив биле браќата на невестата, Ерик и Кристијан Марфи, родени од мајките Полет Мекнили и Тамара Худ, потоа Зола Ајви, Шејн Аудра и Бела, сестри родени од истата мајка -која е и на невестата – Никол Мичел, кои имаа улога на деверици. Меѓу гостите биле и Јасмин Лоренс, ќерката на Мартин Лоренс, свршена со Ерик Марфи, глумицата Лора Вандервурт, како и партнерката на Еди Марфи и мајка на неговите деца Изи Уна и Макс Чарлс.

Слични објави

Не сум твојата мама да ти слугувам: Сузана Гавазова со нова провокација

apostolova

Харис Џиновиќ проговори за ќерката Џина и куќата што е срушена: „Луѓето не знаат што се случува зад четири ѕида“

Еспресо

(Фото) Наум Петрески изненади: Во друштво на легенда и со интересен имиџ

Еспресо

( Фото) Трогателен момент на концерт: Пораката од синот ја расплака Марија Шерифовиќ пред публиката

Еспресо

Љубовта не се мери со години: Огнен Здравковски емотивно за мајка си Софче

msp-admin

Карлеуша за турскиот милионер: „Добар фраер, ама малку постар за мој вкус“

Еспресо
Се вчитува....