1.8 C
Скопје
06:12 - 22 јануари, 2025

(Фото) Ќерката на Брус Вилис покажа како изгледа по психички напад: „Си ја копам кожата“

Додека саканиот холивудски актер се бори со деменција, која од него направи човек-сенка бидејќи нема лек за неговата дијагноза, ќерката на Брус Вилис ја прифати нејзината сопствена болест.

Талула, всушност, се бори со нарушување познато како дерматоломанија, кое е предизвикано од компулсивно кинење на кожата.

Ќерката на Брус Вилис, Талула Вилис неодамна откри дека ѝ бил дијагностициран аутизам, а сега го покажала лицето покриено со црвени исекотини и гребаници околу усните, очите и носот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah (@buuski)

– Се случува копање на кожата! Можно е исцелување. Тоа не значи чиста кожа и не значи дека наметливите мисли престануваат да напаѓаат и не значи дека нападот нема да се повтори.

Ова се мали победи – напиша таа под фотографијата.

Талулу ја доби оваа дијагноза во 2021 година, но храбро се справува со неа и им рече на фановите дека е задоволна од напредокот што го постигнала кога станува збор за нега на кожата.

Што е дерматоломанија и како се лекува?

Инаку, дерматоломанијата е нарушување кое спаѓа во групата на нарушувања на импулсите и навиките, а се однесува на опсесивно копање и стискање на кожата.

Луѓето кои страдаат од оваа состојба можат да го направат тоа на своето лице или на кое било друго место од телото каде што ќе забележат акни, бенки или едноставно на сосема здрава кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah (@buuski)

Тоа најчесто го прават со помош на пинцети, заби, ножици или некои други механички предмети. На лупењето/копањето на кожата му претходи емоционален набој, лутина или одреден стрес, а ова нарушување често се поврзува со опсесивно-компулсивно нарушување.

Се третира со бихејвиорална терапија во комбинација со фармаколошки третман.

Слични објави

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо

(Фото) „Полека, но сигурно доаѓа…“: Српската пејачка Сара Јо заврши во болница!

Еспресо

Весна Ѓогани проговори за односот со ќерките на Ѓоле од првиот брак: Секогаш испаѓам зла маќеа

Еспресо

На денешен ден пред 10 години нѐ напушти Кемал Монтено: Песните му беа животот

Еспресо

Јелена Ѓоковиќ го пие овој пијалак наместо утринското кафе, а идеален е за слабеење!

Еспресо

„Се доведов до клиничка смрт“: Ивана Кнез проговори за борбата со вишокот килограми

Еспресо
Се вчитува....