12.8 C
Скопје
10:58 - 11 март, 2026

(Фото) Кејт Мидлтон покажа ретка фотографија од нејзиниот син Џорџ: Сама го фотографирала

Принцезата Кејт Мидлтон објави фотографија од својот син Џорџ.

Принцезата Кејт Мидлтон објави ретка фотографија од нејзиниот син принцот Џорџ на Инстаграм.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам јавно му го честитаа 11-тиот роденден на синот Џорџ. Во чест на роденденот, кралското семејство покажа црно-бела фотографија на која наследникот позира во бела кошула и елегантни панталони. Автор на фотографијата е самата принцеза од Велс.

принтсктин, инстаграм

На 22 март, Кејт Мидлтон ѝ објави на јавноста дека е подложена на хемотерапија. Сопругата на принцот Вилијам известила дека ракот ѝ бил откриен при тестовите направени по операција во абдоменот.

Принцезата не присуствувала на јавни настани од Божиќ. На 15 јуни таа се појави во јавноста за прв пат по долго време. Кејт Мидлтон му се придружи на кралското семејство на парадата Trooping the Color, а потоа им позираше на фотографите на балконот на Бакингемската палата.

На 15 јули, Кејт Мидлтон присуствуваше на финалниот натпревар на тенискиот турнир Вимблдон. За јавното појавување одбра светловиолетов фустан. Се испостави дека изборот на нијанса се должи на фактот што принцезата од Велс е покровител на тенискиот и крокет клуб во Англија (AELTC), чии официјални бои се виолетовата и зелената.

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....