-1.2 C
Скопје
06:59 - 11 март, 2026

(Фото) Кејт Мидлтон извадена од кожа и фрустрирана – ваква никогаш не сте ја виделе

Сте ја виделе ли некогаш убавата Кејт Мидлтон намуртена? Таа секогаш е насмена и љубезна со луѓето, но има неколку фотографии кои се појавија во јавноста, а кои сведочат најверојатно за кавга со принцот Вилијам, а тоа се гледа и на лицето на Кејт.

Еве што раскажа за медиумите експерт за говор на телото.

„Кејт е многу успешна кога треба да маскира какви било негативни чувства, за разлика од Леди Дајана“, вели Џуди Џејмс, специјалист за говор на телото.

Принцезата Дајана често ги менуваше изразите на лицето и со тоа ги изразуваше своите емоционални состојби. Кејт речиси никогаш не покажала навестување на негативни емоции на нејзиното лице.

Според неа, ова се случило само еднаш. Имено, пред неколку години, тогашната војвотка од Кембриџ не можеше да задржи неутрален израз на лицето, а нејзините гестикулации откриваа гнев и фрустрација – веројатно насочени кон нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, кој беше со неа.

„Има само еден исклучок, а тоа е посетата на Варшава. Вилијам и Кејт беа таму во 2017 година, а кога ја напуштија резиденцијата, Кејт беше фотографирана со бесен поглед во нејзините очи. Никој не пропушти да го забележи, сите велеа дека веројатно имало караница“, вели Џуди и продолжува:

„Кога гледаме фотографија од кралското семејство на која некој изгледа луто или под стрес, тоа често може да биде мигновен говор на телото или израз на лицето изваден од контекст“, објаснува таа. „Меѓутоа, кога ќе се појават серија фотографии, како што е случајот овде, јасно е дека Кејт била навистина лута.

Се гледа тензијата, се гледа како го гледа Вилијам, а тој се обидува да изгледа неутрално, со бледа насмевка на затворените усни“, објаснува Џуди и вели дека спуштената глава покажува дека му е жал или непријатно поради нешто.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....