Водителката Бојана Лазиќ ретко споделува семејни моменти на социјалните мрежи, па затоа нејзината најнова фотографија со татко ѝ привлече големо внимание.
Бојана објави заедничко селфи со својот татко и ги изненади следбениците, пред сè поради неговиот младешки изглед. Иако има побелена коса, нејзиниот татко е виток и видно негуван, а многумина веднаш забележаа дека водителката очигледно има добра генетика.

Фотографијата предизвика бројни реакции, особено поради тоа што Бојана не е меѓу јавните личности кои често го покажуваат своето семејство во јавност.
Иако денес за својот татко зборува со љубов и почит, Бојана претходно открила дека нејзиното детство било обележано со тежок семеен период.
Нејзините родители се разведени, а водителката во една прилика отворено раскажала дека нивниот развод оставил силна трага врз неа.
Кога била прашана кој е најтешкиот момент што го доживеала во животот, Бојана ги издвојала токму разводот на своите родители, но и сопствениот развод.
„Разводот на родителите, а потоа и мојот развод. Тоа се двете ситуации кои најмногу ме потресоа“, изјавила таа.
Сепак, со текот на времето односите во нејзиното семејство се подобриле. Бојана открила дека денес е во одлични односи со Жарко, со кого претходно била во брак.
„Жарко и јас сега сме во феноменални односи“, додала водителката.
Бојана неодамна зборувала и за својот став кон љубовните врски и за тоа што научила од сопствените животни искуства.
Таа признава дека е личност која во односите се труди до самиот крај и дека на партнерот може да му даде и повеќе шанси. Но, кога еднаш ќе одлучи да стави крај, не сака да остане со чувство на вина или недореченост.
„Јас сум тип кој во сè оди до крај. Давам и илјада и прва шанса, но тоа не значи дека тоа е добро. Кога ќе излезам од некој однос, сакам да бидам апсолутно чиста, да немам грижа на совест и да знам дека сум била таму до крај“, рекла Бојана.
Таа додава дека во моментот кога ќе одлучи да си замине, ја избира сопствената среќа, без оглед на околностите.
„Во моментот кога ќе си заминам, секогаш се избирам себеси, својата среќа, дури и ако имам пет деца со тој човек“, искрено признала водителката.
