17:19 - 10 ноември, 2026

(Фото) Каква убавица! Ќерката на Селма Хајек во фустан од мајка си постар од неа

Познатата актерка Салма Хајек се прошета на црвениот тепих на доделувањето на Оскарите со својата ќерка Валентина Пино, а двете носеа црвени фустани.

Стилистката Ребека Корбин-Мареј на Инстаграм откри дека 15-годишната девојка носела фустан без прерамки од креаторот Ајсак Мизрахи и дека тоа всушност е фустанот на Салма.

Всушност, црвениот фустан е цела деценија постар од Валентина, а Хајек го носеше во 1997 година, односно 11 години пред да се роди нејзината ќерка, пренесуваат американските медиуми.

Актерката тогаш присуствуваше на моден хуманитарен настан. Валентина, која Хајек ја има со нејзиниот сопруг, милијардер Франсоа-Анри Пино, го повтори изгледот на нејзината мајка во 2023 година.

Што се однесува до Хајек, таа блесна на Оскарите во црвен фустан на Гучи со светки и реси. Тие двете присуствуваа на забава организирана од магазинот Vanity Fair по церемонијата на доделување на Оскарите.

 

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....