6.9 C
Скопје
04:14 - 1 април, 2026

(Фото) Кајли Џенер тврди дека не направила пластична операција: Дали фотографиите го докажуваат спротивното?

Кајли Џенер, сопственичка на козметичката империја, милијардерка и реалити ѕвезда, во последната епизода на „The Kardashians“ изјави дека „никогаш во животот немала никаква пластична операција“ и дека „не била несигурна како дете“.

Медиумската кариера ја започна во 2007 година со учество во шоуто „Keeping Up with the Kardashians“, а милиони луѓе ја следеа додека растеше пред камера. Иако е логично луѓето да се менуваат со текот на годините, многумина веруваат дека Кајли неколку пати застанала „под нож“ за да изгледа како денес.

Покрај интервенциите на лицето, таа во неколку наврати беше мета на одредени медиуми и на корисниците на социјалните мрежи поради интервенции и на нејзиното тело, пред се на градите и задникот. Сепак, таа тврди дека тоа не е вистина.

– Една од најголемите заблуди за мене е дека како дете имав ниска самодоверба и дека сум направила многу операции за целосно да го сменам лицето, што е лага. Само ставив филери – рече таа.

Таа во 2015 година призна дека ги зголемила усните и дека тогаш имала 17 години.

“Се чувствував малку несигурно за моите усни, па ставив филери. Тоа е најдоброто нешто што сум го направила и не се каам за тоа, но отсекогаш мислев дека сум слатка”, рече таа тогаш.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....