06:00 - 3 април, 2026

(Фото) Каде е и што прави ќерката на Том Круз и Никол Кидман? „Кутра девојка, не знам зошто го одбра Кројдон!“

Таа можеше да ја искористи славата на нејзините родители и да живее во центарот на вниманието, но Изабела Кидман Круз, ќерка на актерите Том Круз и Никол Кидман не сака гламурен живот.

Кога се преселила во Англија во 2017 година, Изабела или накусо Бела како што ја викаат, ја одбила понудата на нејзиниот татко да живее во неговиот луксузен пентхаус во Лондон. Таа повеќе сака живот во спокојство, да живее нормален живот со нејзиниот британски сопруг и милениче рептил. Со двајца мултимилионери- актери како родители, Изабела Кидман Круз (29) можеше да добие големи улоги во холивудските филмови и да живее во луксузни пентхауси, но таа наместо тоа, повеќе сака да слика.

Според The ​​Mirror, најстарата ќерка на Том Круз и поранешната сопруга Никол Кидман го претпочита Лондон отколку Лос Анџелес. Го избегнува друштвото на познатите луѓе и поминува мирни секојдневија со едноставен живот во Кројдон со сопругот Макс Паркер и нивниот рептил – домашен миленик. Го избрала ова место за живот за да биде поблиску до родителите на Макс.

Нејзината сосетка вели дека се што знае за Бела е тоа дека чуваат рептил. Додава дека Бела живее мистериозен живот. „Претпоставувам дека решила да живее надвор од центарот на вниманието. Кутра девојка, не знам зошто го одбрала Кројдон! “, се прашува сосетката.

Изабела и Макс се венчале во 2015 година, само една година откако се запознале, а на свадбата не присуствувале славните родители на невестата поради работни обврски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by US Daily Report (@usdailyreport)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Moviegoer (@themoviegoeral)

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....