14:18 - 3 април, 2026

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Српската водителка Јована Јеремиќ ја шокираше јавноста кога соопшти дека станала баба.

Јована се огласи на својот инстаграм-профил и сподели фотографија од гордиот татко во искината маица.

– Е сега ќе видиш како е. Станав баба, супербаба, ти благодарам Господе Боже за сите подароци. Ми пристигна Миња, а вие како сте? Имам 35 години и моите функции се натрупуваат: тетка двапати, мајка еднаш, супербаба еднаш – напишала Јована.

Освен тоа, таа ја објавила и емотивната песна од Милан Станковиќ „Секогаш ќе ти го чувам грбот“ (Ja ću uvek da ti čuvam leđa).

Водителката Јована Јеремиќ не крие дека никогаш не била посреќна во љубовта. По бројните разочарувања, за кои отворено зборуваше, денес ужива во врската со боксерот Милош Стојановиќ Тигар, кој неодамна ја изненади со скап прстен.

– Ова е најубавиот прстен што некогаш сум го добила. Сум добила повеќе прстени во мојот живот до моите 35 години, но ова е трета среќа. Веќе не верувам во свршувачки, имав некои разочарувања, затоа веќе не верувам во свршувачки. Некои ми дојдоа преку глава, дозволете ми да ви кажам. Ова е чиста љубов, трета среќа и првата голема можеби вистинската работа затоа што верувам само во љубовта пред Бога. Така што, следното нешто што ќе го потврдам за медиумите може да биде само „да“ пред Бога. А, дотогаш, сè се води како една голема љубов. Ова е најголемата љубов во мојот живот досега. И овој прстен е во стилот на англиската круна, направен е по тиарата од главата на принцезата Дајана. Не знам колку можете да зумирате, но тоа од најголемиот дијамант се движи кон сè помал и помал. И еден момент што не го објаснив. Погледнете, сега од оваа страна овде има мал скриен дијамант од едната страна и од другата страна и тој нè симболизира мене и Милош во тој  некој наш заеднички вечен круг кој треба да биде крунисан со нешто што треба да има дијамантски, односно вечен сјај и затоа е специјален прстен – објаснила Јована во една пригода.

 

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....