7.8 C
Скопје
01:27 - 31 март, 2026

(ФОТО) Иванка Трамп дава доказ дека плановите за брак на Тифани Трамп се на добар пат, сестра ѝ се мажи викендов!

Најстарата ќерка на Доналд Трамп, Иванка, приреди моминска забава за нејзината полусестра Тифани.

Иванка Трамп на Твитер објави фотографија на која позира со нејзината сестра Тифани(29) и Лара Трамп (40), сопруга на нејзиниот брат Ерик.

На сликата, Тифани Трамп позира во фустан од чипка, а нејзините роднини во речиси идентични бели фустанчиња со син цветен принт.

Судејќи по пораката на Иванка Трамп, моминската вечер се одржала на Флорида.

„Назад во Флорида ја славиме моминската вечер на мојата прекрасна, љубезна, неверојатна сестра Тифани Трамп“, напиша ќерката на 45-от претседател на САД.

Претприемачот Мајкл Було ја запроси Тифани Трамп во јануари 2021 година во градината со рози во Белата куќа. Венчавката ќе се одржи на 12 ноември годинава.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....