Ирена Спировска објави слики во едно од своите најгламурозни изданија досега. Облечена во долг и елегантен фустан со отворен горен дел, Спировска водеше специјален настан.
Станува збор за концертот посветен на маестро на хармоника Милан завков кој се одржа на 27 март во Филхармонија.
Во центарот на вниманието беше нејзиниот избор на облека, долг, раскошен фустан во впечатлива циклама боја кој ја истакнаа нејзината грациозност.

Изгледот го надополни нејзината елегантна подигната фризура, природната шминка и дискретниот накит.
„Оваа професија е многу динамична и интересна, па тешко може да здосади. Низ годините постојано се менуваат проектите, сум водела разни емисии: неделно попладне, емисии за забавна музика, утрински и ноќни програми, емисии за народна музика, квизови… Секогаш се настојува да се погоди вкусот на публиката и да се анимира и тоа ја прави оваа професија несекојдневна и привлечна“, рече Ирена во едно интервју за „Слободен печат“.
