7.8 C
Скопје
10:23 - 1 април, 2026

(Фото) И Џенифер Лопез го прифати мајтапот за „тажниот“ Бен: „Среќното лице на мојот сопруг“

По церемонијата на доделувањето на Греми наградите одржана на 6 февруари, Бен Афлек се разбуди како мемe-херој: фотографиите од тажниот израз на актерот веднаш се проширија низ мрежата.

Џенифер Лопез ја прифати играта на фановите, па и таа се приклучи во мајтапењето на својот сопруг.

Џеј Ло на својот Твитер го објави трејлерот за новиот филм на Бен Афлек „Ер“, а на насловната страница на видеото стави негова фотографија со тажно лице, додавајќи ироничен натпис:

„Среќното лице на мојот сопруг.“

Бен не е прв пат да стане херој на мемиња. Изразот на лицето на актерот ретко е весел, а да се види како се насмевнува е многу добра среќа. Без разлика на Греми настанот, лицето на Афлек најчесто останува постојано тажно.

Бен трепни ако си добро, Твитер

Бен Афлек и Џенифер Лопез се венчаа минатото лето. Тие се запознале во 2001 година кога актерката сè уште била во брак со танчерот Крис Џад. По разводот на Лопез, нејзината врска со Афлек брзо се разви, само неколку месеци подоцна ја објавија свршувачката, но набрзо ја откажаа венчавката поради прекумерното внимание на медиумите за нивната врска.

Речиси 20 години подоцна, во есента 2021 година, поранешните љубовници решија да започнат од почеток. Во пролетта 2022 година, Џенифер и Бен тајно се венчаа во Лас Вегас, а потоа ја прославија својата венчавка во Калифорнија со многу роднини и пријатели.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....