18:53 - 6 ноември, 2026

(Фото) Хилари Клинтон позира за насловната страница на Variety со ќерката Челзи

Хилари Клинтон и нејзината ќерка Челзи се најдоа на насловната страница на списанието Variety, посветено на моќта на жената. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)

Ќерката на 42-от претседател на САД, Бил Клинтон, во интервјуто за „Вараети“ изјави дека за време на врвот на политичката кариера на нејзиниот татко преживеала силен притисок од медиумите. Како тинејџерка, Челзи Клинтон сакала да биде во втор план и далеку од јавноста.

„Понекогаш навистина сакав да исчезнам во позадина, бидејќи не сакав толку многу луѓе да ме гледаат или толку многу рефлектори да се насочени кон мене“, рече таа.

Покрај тоа, според неа, постојано се соочувала со потсмев на нејзина сметка.

„За среќа, тоа сега не се одразува на мене. Не чувствував страв како дете, да беше поинаку сега постојано ќе се плашев. Кога размислувам за воспитување храбри и издржливи деца, се трудам повеќе да размислувам за тоа што сакам да научам од моето детско искуство, а не да реагирам на тоа што се случило“, отворено сподели Челзи Клинтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HiddenLight (@hiddenlightproductions)

Слични објави

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.
Се вчитува....