14:30 - 3 април, 2026

(Фото) Хедер Локлир, беше секс симбол на Холивуд, а сега го крие лицето од папараците

Американската актерка Хедер Локлир, позната по улогата на Аманда Вудворд во серијата „Melrose Place“, ја изненади јавноста кога низ улиците на Калифорнија прошета во црно издание и со чанта од Луј Витон вредна 2.544 долари. Можеби 61-годишната актерка беше на пат кон Мелроуз Плејс, но многумина беа изненадени од изгледот на нејзиното лице.

Излегувајќи од зграда ги забележала папараците и се обидела да си го покрие лицето со рака, но тие сепак биле побрзи. Нејзиното лице изгледаше малку надуено, но актерката не ја симна насмевката од лицето.

Инаку, ѕвездата на „Melrose Place“ има проблематично минато со алкохолот. Сето тоа кулминираше кога таа го удри своето Порше додека беше во алкохолизирана состојба пред да биде осудена за 9 прекршоци и испратена на рехабилитација по судска одлука во август 2019 година.

Минатиот месец беше откриено дека таа повторно пие, а извор близок на актерката за „Дејли Меил“ изјави дека нејзиното семејство е многу загрижено за неа. Во јуни протекоа фотографии од разбушавена и несредена Локлир како чекори во бизнис зграда пред да седне и да разговара со себе повеќе од еден час. На крајот ја собрал маж за кој се верува дека е нејзиниот вереник Крис Хајсер, исто така 61-годишен, кој е познат по проблемите со алкохолот.

Една недела подоцна семејни извори потврдија: „Хедер пие. Семејството е многу загрижено. Сите се чувствуваат беспомошни – вклучувајќи го и Ричи Самбора, а особено нејзината ќерка Ава Самбора која многу ја сака“.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....