-3.2 C
Скопје
00:53 - 18 декември, 2025

(Фото) Харис потполно изгубил контрола, ѝ врескал на Мелина пред новинарите: „Ајде, веќе…“

Познатиот пејач Харис Џиновиќ и неговата долгогодишна сопруга Мелина Џиновиќ неодамна набрзина се разведоа, а тој јавно зборуваше сите валкани алишта од нивниот брак, за кои не престанува да се зборува и да се пишува.

Мелина не се огласуваше на изјавите на Харис, додека нивните проблеми, како што истакна Харис, започнале уште во 2022 година и дека оттогаш нивната врска малку по малку целосно се променила.

Харис во средината на споменатата година (2022), направил сцена во една кафеана во главниот град на Србија, и со тоа изненадил многумина.

Потоа се појавил пред припадниците на седмата сила и бил видно вознемирен.

Кога новинарите побараа изјава, тој постојано велел дека „нема време“, а потоа кога застанал пред камерите се налутил откако го прашале за неговата ќерка Џина Џиновиќ бидејќи не сакал да зборува за неа.

„Не сакам да зборувам за ќерка ми“ – луто рекол пејачот.

Меѓутоа, тоа не било крај. Кога видел дека на другиот крај на просторијата дека Мелина дава изјави, Харис збеснал.

Почнал пред сите да вика на неа – Ајде, веќе!. Така ѝ дал дознаење дека не му се допаѓа што дава изјави и дека не може да ја чека.

Инаку, Мелина еднаш истакна дека нејзините наследници се навикнати таа да не е секогаш покрај нив.

– Бидејќи никогаш досега не сум ги поминувала деновите во куќата, ниту овој нов, убав простор нема да ме наведе на тоа. Јас едноставно не сум таков тип. Навикната сум на патување, дружење, излегување. Од почетокот на бракот не живеам нормално, прво поради работата на Харис, подоцна поарди мојата. Децата беа воспитани безгрижно, беа навикнати да не бидеме секогаш таму, но ништо не им недостасуваше. Јас сум одличен организатор, а околу нив секогаш имаше многу луѓе кои ги сакаат и се грижат за нив: сестра ми, брат ми, мајка ми, татко ми. Таа мешавина на влијанија беше одлична за нивната емоционална независност. Никогаш не беа врзани за мене па да плачат ако не сум до нив – изјавила Мелина во една прикиа, пренесува српски Блиц.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....