11:15 - 31 март, 2026

(Фото) Хари Стајлс покажа тетоважа посветена на поранешната девојка Оливија Вајлд

Instagram

29-годишниот британски актер и пејач Хари Стајлс покажа интересна тетоважа. Славната личност е забележана со пријателите на брод во Болсена, Италија.

На бутот истетовирал „Оливија“. Втората тетоважа е италијанскиот збор „colazione“, што се преведува како „појадок“. Сепак, не е јасно дали има некаква врска помеѓу двете тетоважи.

Тетоважата на бутот беше видлива додека поранешниот вокал на One Direction носеше зелени гаќички за капење и зелено-бела карирана кошула. На одмор му се придружија група пријатели, меѓу кои и поранешниот водител на Late Late Show Џејмс Корден и моделот на Victoria’s Secret Жаклин Јаблонски.

Додека некои обожаватели побрзаа да ја именуваат 39-годишната Оливија Вајлд како муза на тетоважата, други шпекулираат дека натписот можеби има врска со песната на One Direction „Olivia“ од нивниот албум од 2015 година „Made in the A.M. ”

принтскрин

Потсетуваме дека есента, 2021 година, Оливија Вајлд официјално се разведе од Џејсон Судеикис. Уште во брак, таа започна афера со поп пејачот Хари Стајлс, која траеше 2 години. Но, во март 2023 година, Хари Стајлс беше забележан како се бакнува со моделот Емили Ратајковски. Тогаш странските медиуми пишуваа дека Оливија Вајлд била навредена од Емили Ратајковски поради тоа што ѝ го „преземала“ Хари Стајлс.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....