22:38 - 10 јануари, 2026

(Фото) Ги крие рацете: Џенифер Лопез се појави спектакуларно на модната недела во Париз

Лопез призна дека го сака брендот Диор и дека секогаш со нетрпение очекува новите модели да се појават на модната писта. И покрај сите проблеми со кои моментално се соочува во бракот со Бен Афлек, таа изгледаше многу радосно во Париз.

Додека Бен Афлек се расправаше со папараците, неговата сопруга Џенифер Лопез, по одморот во Италија, отиде во Франција и беше гостинка на Париската модна недела, присуствувајќи на ревијата на високата мода на Christian Dior есен/зима 2024-2025 година, пишува Пипл.

Не е чудно што за својот изглед избрала моден изглед од Диор. Лопез изгледаше неверојатно во светлокафен фустан со асиметрично деколте и здолниште во А линија. На модната комбиинација додаде соодветен лесен мантил и модни додатоци: златни сандали со високи потпетици, црни оперски кожени ракавици, црна чанта и црни очила за сонце. Нејзината коса беше исчешлана во нагорна линија, со неколку кадрици кои го врамуваа нејзиното лице. За накит, уметницата избра златни обетки со дијаманти.

Оние кои внимателно ја следат ситуацијата околу бракот на Лопез и Афлек забележаа дека пејачката носеше долги ракавици специјално за да не демонстрира присуство или отсуство на венчален прстен.

На ревијата, каде што беше придружувана од обезбедувањето, Џенифер седеше во првиот ред до извршната директорка на Диор, Делфин Арно и ѕвездата на Блекпинк, Џису.

И покрај проблемите во нејзиниот личен живот, Лопез уживаше во разговорот со новинарите. Коментирајќи го својот изглед на модната ревија, таа истакна:

„Никогаш не знам што да очекувам, па затоа обожавам да доаѓам на модни ревии. Џеј Ло додаде дека е „огромен обожавател на Диор“ и дека е „навистина возбудена“ да види какви креации ќе се појават на пистата.

Во Италија, каде Џенифер изминативе неколку дена летуваше сама, беше забележана како се забавува со пријателите на брод во Позитано. Очевидци тврдеа дека таа била „во одлично расположение“.

(Видео) Исплива невидена снимка за Харис и Мелина Џиновиќ: „Паднала“ на неговата „убавина“

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.
Се вчитува....