15.8 C
Скопје
18:06 - 25 октомври, 2026

(Фото) Фалиш и болиш: Перо Камиказа со тажна објава по големата загуба

Мучарот Перо Камиказа со тажна објава оддаде почит на важна и блиска личност во неговиот живот.

Станува збор за музичарот Тоше Поп-Симонов кој почина во април, а беше пријател со речиси целата македонска естрада и соработуваше со нив.

-Да беше жив, денес ќе ти честитав роденден…. Потоа едно саат време ќе беседевме за се и сешто, од музика, медицина и за “овие лајнариве“. Види друже, да ти кажам нешто, фалиш и болиш… Се гледаме на гробишта денес во 11 часот, симболично да ти го прославиме роденденот“, напиша Петар Георгиевски- Камиказа.

Како композитор, продуцент или аранжер, Тоше Поп-Симонов работеше на албуми и синглови на „Мизар“, Владо Јаневски, „Меморија“, Дарио, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“, Верица Пандиловска и бројни други.

Поп-Симонов ја почна својата музичка кариера во 1980-те, при што беше еден од основачите и гитарист на култната рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок групата „Асторија“.

. Меѓу другите, ги промовираше Ена Веко и „Студени нозе“, што беше негов продукциски проект.

..

Слични објави

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.

На четири хороскопски знаци во ноември ќе им се исполнат долгоочекуваните желби — конечно доаѓа периодот што го чекаа

К.С.

Љубовната приказна на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ — се заљубиле, раскинале, па повторно се пронашле

К.С.
Се вчитува....