5.8 C
Скопје
04:49 - 1 април, 2026

(Фото) Ева Лонгорија е далеку од очајна домаќинка: Блесна во Кан со извајано тело

Актерката Ева Лонгорија, позната по улогата на Габриел Солис во ТВ серијата Очајни домаќинки, присуствуваше на премиерата на филмот „Стариот даб“ во режија на Кен Лоуч во рамките на 76. Кански филмски фестивал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

48-годишната Ева Лонгорија излезе на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во проѕирен фустан од колекцијата на Elie Saab couture пролет-лето 2023. Благодарение на проѕирниот материјал и шлицовите на половината, ја истакна нејзината витка фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Потсетуваме, по породувањето актерката се здоби со 20 килограми повеќе, и полека но здраво ги „топеше“. Очигледно сега е во топ форма.

Меѓу гостите на вечерта беше и 65-годишната актерка Енди Мекдауел која покажа колку може да биде прекрасно природното стареење.

Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ има четиригодишен син Сантијаго со мексиканскиот бизнисмен Хозе Антонио Бастон, сопственик на „Телевиса“, најголемата медиумска компанија во Латинска Америка. Двојката е во брак од 2016 година.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....