13:50 - 13 ноември, 2026

(Фото) Емотивна средба на Бен Афлек со екс-сопругата и децата: Пресреќни заедно

Холивудскиот актер Бен Афлек (50) е фотографиран како се сретнува и гушка со својот син од претходниот брак, 11-годишниот Семјуел.

Ѕвездата на Бетмен, кој пристигна со приватен авион во Фиренца, Италија, изгледа среќно додека најмалото дете трча кон него. Таткото и синот цврсто се прегрнаа пред Афлек да биде пречекан од неговите постари деца Виолет (17) и Серафина (14).

Бен, облечен во сиви фармерки, тегет кошула и патики Најк, изгледаше пресреќен што ги виде своите деца откако помина цела недела на одмор со сопругата Џенифер Лопез.

На крајот, актерот силно ја прегрна и 51-годишната актерка Џенифер Гарнер, која беше исто толку расположена. Парот, кој беше во брак од 2005 до 2018 година, разговараше речиси половина час пред да се прегрнат. Афлек замина со трите деца, додека Гарнер сама отиде на шопинг, пишува Пејџ сикс.

твитер

 

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....