5.8 C
Скопје
01:01 - 1 април, 2026

(Фото) Екс девојка на Илон Маск распродава негови стари фотографии, ѝ требаат пари

Поранешната девојка на Илон Маск ги ставила на аукција неговите стари фотографии за да заработи пари за факултетското образование на нејзиниот син.

Поранешната девојка на основачот на Tesla и SpaceX, Илон Маск, Џенифер Гвин, со која тој се забавуваше во 1990-тите, постави стари фотографии од него, заедно со неговите подароци – ѓердан и роденденска честитка надевајќи се дека ќе собере најмалку 10.000 долари. Со вака заработените пари сака да го испрати својот син на факултет.

Гвин призна дека долги години чувала фотографии и подароци од милијардерот, не осмелувајќи се да ги продаде, но одлучила дека сега е вистинското време за ова, бидејќи името на Илон Маск не ги напушта насловните страници на медиумите.

Гвин и Илон Маск се забавувале кога биле студенти на Универзитетот во Пенсилванија. За време на нивната романса, која траела една година, таа успеала да ја запознае неговата мајка, манекенката Меј Маск, неговите браќа и сестри, а исто така да дознае се за неговите планови за електрични автомобили.

Џенифер рекла дека врската со Илон Маск била топла, но ѝ недостигала нежност.

– Се запознавме есента 1994 година кога живеевме во истиот хостел. Отпрвин ме привлече неговата срамежлива природа. Тој беше мој тип во тоа време – изјави таа за Дејли Мејл.

Гвин додаде дека „секогаш знаела дека тој ќе успее“.

– Беше многу фокусиран на студиите и дури оттогаш цело време зборуваше за електрични возила. Имаше големи планови.

Во исто време, таа забележува дека на Елон Маск му бил потребен некој во близина кој би можел да го „поддржи“.

Фотографиите од младиот Илон погледнете ги – ТУКА.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....