07:03 - 14 ноември, 2026

(Фото) Дуа Липа позира со пријателите во Приштина покажувајќи двоглав орел: „Горда сум што не можам ни да опишам…“

Додека светски познатата американска пејачка со потекло од Македонија, Бебе Реџа, се врати да го посети Дебар, од каде испрати порака дека „Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Прешево“ според неа  „сите се мојата Албанија“, британската пејачка Дуа Липа се врати во посета на нејзината Приштина.

Липа помина четири денови на Косово, објавувајќи на својот инстаграм профил фотографии од годинашното издание на фестивалот „Сани хил“, на кој таа редовно учествува секоја година. Инаку фестивалот е во организација на семејството на Липа.

Во Приштина не престојуваше сама, со неа беа и повеќе британски пријатели, како и нејзиното момче, познатиот британски актер Калум Тарнер.

Но меѓу фотографиите има и таква каде пејачката и нејзините пријатели го покажуваат симболот на двоглавиот орел.

 

 

„Имам толку многу фотографии за објавување од изминатите четири дена на ‘Сани хил’. Не знам ни од каде да почнам! Толку сум горда што не можам ни да опишам. Многу сум возбудена поради тоа во што се претвори овој фестивал. Возбудена сум што гледам дека расте и станува многу повеќе отколку што сонувавме. Ова го правам со моето семејство и со сите од агенцијата Република. Сите неуморно работеа 24 часа на ден и тоа беше највозбудливото, но и најкорисното нешто во што сум учествувала. Потребно е едно село за да успее, а ние го правиме тоа за нашиот град. Им благодарам на сите кои дојдоа, на сите уметници, но и на нивните тимови“, напиша таа на Инстаграм.

Потсетуваме, Дуа Липа е родена во 1995 година, во Лондон, Велика Британија. Нејзиното семејство има потекло од Косово, каде пејачката се вратила да живе на 11-годишна возраст. Сепак, семејно решиле да се вратат во Лондон, со цел Дуа да започне музичка кариера во што и успеа.

(Фото) Бебе Реџа со скандалозна порака од Дебар: „И Македонија е моја Албанија“

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....