11:14 - 31 март, 2026

(Фото) Драгана Мирковиќ не е единствена пејачка со замок: Оваа фолкерка има уште поголем во близина на Нирнберг

Веќе две недели, освен разводот на Харис и Мелина Џиновиќ, главна тема во медиумите е и разделбата на Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ.

Драгана остана да живее во својот замок во близина на Виена, а малку е познато дека таа не е единствената фолкерка која може да се пофали со прекрасен замок.

Нејзината колешка Јана Тодоровиќ поседува замок во Постбауер-Хенг, во близина на Нирнберг во Германија.

Нејзиниот сопруг Иван, со кој е во брак од 1995 година, е сопственик на овој замок, а малку е познат фактот дека пејачката е всушност снаа на Света Тодоровиќ, Србин кој има империи во Минхен и Белград.

Јана еднаш токму во замокот сними спот за нејзина песна „Се уште сум твоја“ (Још сам твоја), каде луксузни кадри блескаат од екранот.

Нејзината свекрва, мајката на нејзиниот сопруг Иван, исто така е успешна деловна жена, па има синџир на козметички салони во Минхен.

Дворецот е уреден во барок-стил, има свое езеро, а вреди неколку милиони евра.

фото-јутјуб/принтскрин

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....