12:01 - 2 април, 2026

(ФОТО) Драган Бјелогрлиќ по Скопје го посети и Кавадарци: Присуствуваше на доделувањето на признанието на градоначалникот Митко Јанчев

Драган Бјелогрлиќ, српскиот актер, режисер и продуцент денеска беше прогласен за почесен професор на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима – Скопје.

„Колку и да ме повредувал, разочарувал овој суров живот, светот на филмската уметност ми даде сила никогаш да не изгубам верба во љубовта, луѓето и во тој суров живот што секојдневно го живеам. Поради тоа сум благодарен што сум дел од филмскиот свет и благодарен сум што ја добив наградата што го препозна мојот пат, денеска и тука во овој град и држава што ја сметам за моја, каде не се чувствувам како гостин и каде што живеат луѓето што ги сакам и тие ме сакаат мене“, рече Бјелогрлиќ.

May be an image of 5 people, people standing and indoor
Фото/Facebook

Драган Бјелогрлиќ денеска беше присутен на свеченоста за доделување на признанието на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, која се одржа во ресторанот „Моклиште“. Јанчев е прогласен за личност на Југоисточна Европа во областа на економијата и европеизацијата на Балакнот.

May be an image of 4 people and indoor
Фото/Facebook

Градоначалникот на Кавадарци вели дека е горд што со наградата е рамо до рамо со најуспешните од регионот – актери, културни работници, истакнати личности од областа на економијата. На овој начин се дава признание и на градот, но и на македонската историја и култура, вели Јанчев.

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....