12:18 - 3 април, 2026

(Фото) Дино Мерлин ја донесе на сцена Ивана Банфиќ по долга пауза: Исто како пред 15 години!

Пејачот од Босна и Херцеговина Дино Мерлин синоќа го одржа првиот од четирите концерти во Белград, а на сцената имаше двајца гости.

Хрватската пејачка Ивана Банфиќ по подолга пауза се појави пред публиката, а со Дина го изведе нивниот голем хит „Годинама“.

принтскрин

Ивана Банфиќ (53) во последниве години живее мирен и повлечен живот на село со сопругот и синот, одгедува домашни животни на фармата.

На сцената во Белград пак, таа навистина блесна облечена во бела модна комбинација, и покажа дека изгледа (и пее) неверојатно.

принтскрин

Гостин на Мерлин му беше и пејачот Марко Луис, познат мултиинструементалис кој живее во Германија, со кој Мерлин ја сними песната „Не радујемо се“, а публиката го поздрави со голем аплауз.

Инаку, Марко е син на покојниот пејач Љубиша Стојановиќ Луис, кој почина во 2011 година.

Белградската Арена беше полна до последно место, а со босанската ѕвезда хитовите ги пее на глас 20 илјади луѓе.

„Зошто луѓето едни на други прават зло, зошто прават проблеми кога сме сите облаци кои исчезнуваат?“, порача Мерлин од бината.

„Ова е мој град, многу ми недостигавте. Оваа глетка е како некогаш. Ова е фантастично. Не сме се виделе осум години, а тоа е само едно парче време. И сешто се случи во мојот живот, животот е брз, особено кога сте во мои години, се тоа брзо поминува. Се роди моето мало момче и тоа е една голема радост. Имам желба, тоа мое малечко момче да ужива во мир со себе“, рече Дино во текот на концертот, пренесува српски Блиц.

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....