09:51 - 12 април, 2026

(Фото) Џенифер Лопез „уловена“ сама на њујоршка улица: Со изглед на „обична смртничка“

Во екот на гласините дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат, на јавноста не изостанува ниту еден детаљ поврзан со нив за да дознае дали сопружниците ставиле точка на нивниот брак.

Во неодамнешната објава споделена на профилот на Jlo Beauty, пејачката се гледа како покажува некои од нејзините производи за нега на кожа. Производите не го привлекоа вниманието на следбениците колку раката на пејачката, на која не успеаја да видат дијамантски прстен, што предизвика шок. Иако Џенифер некогаш носеше голем дијамантски прстен што го доби од нејзиниот сопруг, на промотивните слики кои беа споделени изминатиот викенд јасно се гледа дека бурмата изостанува. .

Ова дополнително ги подгреа шпекулациите дека парот се разведува, откако веста дека ја ставиле на продажба својата палата вредна 60 милиони долари, исто така, долеа масло на огнот, пишува Newsweek. Според некои медиуми, Афлек веќе се преселил од огромната палата во Беверли Хилс во изнајмена куќа во Брентвуд, Калифорнија.

Неименуван извор наведува дека бракот веќе бил завршен во март.

Во меѓувреме, Џенифер е уловена сама на њујоршките улици облечена во широки фармерки со низок струк и бела маичка со натпис „JLo be me mama“.

 

Слични објави

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....