7.8 C
Скопје
17:31 - 19 февруари, 2026

(Фото) Џенифер Лопез ги запали социјалните мрежи со жешки пози, фановите ја критикуваат: „Нели не пиеш алкохол?!“

Пејачката, актерка и бизнисменка Џенифер Лопез повторно ги запали социјалните мрежи, позирајќи во рекламна кампања за сопствената линија на нискоалкохолни пијалоци Делола. Ѕвездата ги сподели фотографиите со претплатниците на нејзините социјални мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

53-годишната Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави фотографии од кампањата на нејзиниот нов бренд Делола.

На сликите, ѕвездата позира во едноделен жолт костим за капење со длабоко деколте и исечоци на страните. Џеј Ло го надополни изгледот за плажа со светла свилена марама што ја врза на главата, предимензионирани очила за сонце и обетки со златни обрачи.

„Летото конечно пристигна. Делола е официјалниот пијалок на летото… Затоа опуштете се, отворете го шишето, ставете мраз и уживајте“, ги советуваше своите фанови ѕвездата.

инстаграм

Џенифер Лопез лансираше сопствен бренд за алкохол Делола во март 2023 година. Откако ѕвездата го објави својот нов деловен проект, таа доби голем број критики од обожавателите кои ја осудија пејачката за нејзината одлука да лансира бренд за алкохол. А критиките следуваа и сега.

„Леле. Ова е разочарувачки. Зошто да не создадете бренд за безалкохолен пијалок, со оглед на тоа што отворено зборувавте за негативните ефекти на алкохолот и дека не пиете никогаш сами?“, „Искрено сум љубопитна зошто продавате алкохол?!“, „Џенифер, Вие не пите. Тоа е она што е познато и на што постојано сте се гордееле. Разбирам парите се пари, но не е убаво да се рекламира алкохол“, напишаа некои од фановите.

Слични објави

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо
Се вчитува....