8.8 C
Скопје
09:51 - 20 февруари, 2026

(Фото) Детали од свадбата на норвешката „видовита“ принцеза и самопрогласениот шаман

Норвешката принцеза Марта Луиз во саботата се омажи за самопрогласениот „шаман“, Американецот Дурек Верет. Тие се венчаа вчера попладне во хотел во Гејрангер, туристичко село во фјорд на западниот брег на земјата.

Постарата ќерка на кралската двојка, која има 52 години, тврди дека е видовита и способна да комуницира со ангелите, а нејзиниот сопруг кој има 49 години истакнува дека тој е „шаман од шестата генерација“, а меѓу другото продава златни амајлии тврдејќи дека спасува животи.

„Многу сум духовна, толку е добро да се биде со некој што го поддржува тоа“, објави принцезата на Инстаграм во јуни 2022 година, неколку дена по објавувањето на свршувачката.

Церемонијата се одржа под огромен бел шатор. Двојката продаде ексклузивни права на фотографии и видеа од церемонијата.

Марта Луиз носеше традиционална бела венчаница и тиара што и ја подарил нејзиниот дедо, кралот Олав, за нејзиниот 18-ти роденден, пишуваат норвешките медиуми. Дурек носеше црн костум со позлатен ремен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag)

Освен кралот Харалд и престолонаследникот Хакон кои носеа темни костуми, кралското семејство беше облечено во традиционална норвешка носија.

По коктелот, речиси 350 гости беа поканети на гала вечера. Во петокот пак, на гостите им беше организирана прошетка со брод околу фјордот и салса вечер.

Младоженците тврдат дека ова е на некој начин втор брак за нив – „шаманот“ Верет објаснува дека во минатиот живот бил фараон и дека Марта Луиз му била сопруга.

Поради оваа врска и нивниот начин на живот, принцезата мораше да се откаже од сите службени должности во 2022 година.

Таа има три ќерки од првиот брак со норвешкиот писател Ари Бен, од кого се разведе во 2016 година.

Кралот на Норвешка пак, ќе го наследи нејзиниот две години помлад брат, принцот Хакон.

Ексцентричната двојка ја намали популарноста на кралското семејство во Норвешка, која сепак останува висока. Од 81 отсто во 2017 година, популарноста им падна на 68 отсто, покажа неодамнешното истражување на норвешката национална телевизија НРК.

И кралот Харалд (87) во минатото морал да се бори Норвежаните да ја прифатат Соња, избраничката на неговото срце, затоа што не е благородничка, па затоа е попустлив кон ќерка си велејќи дека станува збор само за „културен судир“.

(Фото) Бред Пит пристигна на филмскиот фестивал во Венеција со својата сакана Инес де Рамон: Блескаат во координирани модни изгледи

 

Слични објави

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо
Се вчитува....