01:11 - 10 јануари, 2026

(ФОТО) ДЕЈВИД БЕКАМ, најзгоден свекор на светот – без да ја загуби „титулата“ на планетарен секс симбол

Со бајковитата венчавка на Бруклин Бекам и Никола Пелц, Дејвид Бекам ја доби титулата свекор. Но, без да ја загуби титулата на планетарен секс симбол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)


Поранешниот фудбалер на официјалните фотографии од „свадбата на годината“, прославена во приморската вила на семејството Пелц во Палм Бич, е пофасцинантен од било кога.

Дури и на сликите на кои позира со неговите три сина – 23-годишниот Бруклин, 19-годишниот Ромео и 16-годишниот Круз – 46-годишниот Дејвид изгледа како потврден и достоен родоначалник на династија на убави луѓе. Не случајно во 2015 година People го избраа за „најсекси маж на светот“. Оттогаш поминаа седум години, но Дејвид не изгуби ни трошка од својот сексапил.

Неизлечивите романтичари, сепак, можат да си ја смират душата: срцето на Дејвид чука четвртина век за неговата сопруга Викторија Бекам. Двајцата се венчаа во замокот Даблин на 4 јули 1999 година, четири месеци по раѓањето на нивното прво дете Бруклин. По првороденото дете потоа дојдоа Ромео, Круз и десетгодишната Харпер Севен, која беше деверуша на свадбата на нејзиниот голем брат.

На свадбата на Бруклин, мама Викторија и тато Дејвид дојдоа рака под рака. Како да се тукушто вљубени. Тоа беше уште еден показател  на обединето и среќно семејство (и покрај озборувањата). Сега во ова семејство припаѓа и Никола Пелц.

Прекрасните официјални фотографии од венчавката Бекам-Пелц, беа направени од познатиот фотограф Герман Ларкин за британскиот Вог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

ДАЛИ МИА РЕГАН ЌЕ БИДЕ НОВАТА ГОСПОЃА БЕКАМ? По свадбата на Бруклин и Никол, нова љубов во семејството…

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....