10.8 C
Скопје
01:23 - 4 април, 2026

(Фото) Цела Црна Гора расправа за брадавиците на првата дама, се јави и претседателот Милатовиќ

Брадавиците на Милена Милатовиќ, сопругата на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ се топ тема во оваа балканска држава.

Претседателот и првата дама беа на свечен прием во Цетиње по повод Денот на државноста на Црна Гора. За таа прилика Милена облече жолт фустан, кој беше тесен на градите и половината.

Многу корисници на Твитер коментираа дека на Милена и се гледаат брадавиците и дека тоа не е соодветно за првата дама.

„Малку вулгарно за прва дама“, „Прво ги забележав брадавиците и дури потоа дека носи фустан, дека фустанот е златен, дека има и маж на сликата, дека всушност парот Милатовиќ бил во сликата…“, „Голема грешка“, „Безвкусна“, критикуваа луѓето на Твитер.

Имаше и такви кои застанаа во одбрана на првата дама и не ги разбраа твитерџиите кои почнаа да ја критикуваат поради тоа.

„Убава жена, мајка на три деца. Тоа е се што гледам“, „Единствената вулгарност овде е твоето коментирање“, „Жената уште го дои бебето, и мене ми се случи, не можеш да го контролираш тоа“,, се некои од коментарите.

На крајот мораше да проговори и претседателот на Црна Гора, кој вели дека на сопругата не и биле исцртани брадавиците.

„Морам да ја разочарам твитер-јавноста. Не се работи за телото, туку за текстилот“, напиша Јаков Милатовиќ, пренесува Индекс.

 

 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....