11:17 - 12 април, 2026

(Фото) Цел регион бруи за несреќната елка во Скопје: „Ваква нема ни на Али експрес“

Новогодишната елка која е поставена на главниот плоштад во Скопје е хит на социјалните мрежи ширум регионот.

Имено, луѓето од регионот споделуваат фотографии од новогодишната елка во центарот на Скопје која, коментираат дека не само што изгледа бедно туку и дека не е целосно украсена – горниот дел е неукрасен, но изгледа дека е и искривен. Никој не знае зошто елката не е целосно украсена, ниту која компанија ја поставила.

„Какви луѓе, таква е и елката на плоштадот: сиромашна, ужасна, грда на поглед“, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.

„Голем број туристи од сите страни на светот пристигнуваат во Скопје да се фотографираат со кривата елка. Во хотелите се бара кревет повеќе“, пишува друг корисник на социјалните мрежи, со сатирична фотографија.

„Ако сакате да бидете оптимисти и позитивни, и да се чувствувате добро, погледнете како е украсено Скопје“, се наведува во друг коментар.

За сега никој од надлежните не се огласи.

Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.
Се вчитува....