5.8 C
Скопје
05:10 - 1 април, 2026

(Фото) Бред Пит во ретро стил во друштво на новата партнерка: „Ѕвонарки“ и сако од 70-те години

Холивудската ѕвезда Бред Пит на 9 септември се прошета со својата млада девојка Инес де Рамон во Њујорк, пренесува Дејли меил.

60-годишниот актер носеше бледожолт костум инспириран од 70-тите години, а особено се впечатливи ретро панталоните – „ѕвонарки“. Ѕвездата го комплетираше својот изглед со бела маичка, беж чевли и очила за сонце. Познатиот срцекршач ја држеше за рака својата 34-годишна девојка.

Инес де Рамон за својот изглед избра нежно плетен темно беж костум, кој се состоеше од малку разгорено миди здолниште и џемпер со тркалезно деколте и кратки ракави. Дизајнерката на накит го комплетираше својот изглед со високи потпетици и мала дизајнерска бела чанта со кратка рачка. Од накит, таа одбра прекрасни обетки со скапоцени камења.

Љубовниците биле забележани како го напуштаат хотелот, и како се упатуваат кон раздвижениот италијански ресторан Систина на романтична вечера.

Парот, кој почна да се забавува кон крајот на 2022 година, во последно време почесто се појавува во јавност заедно. Дел од летото го поминаа во Шато Миравал, француска винарија што Пит некогаш ја делеше со поранешната сопруга Анџелина.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....