12.8 C
Скопје
15:10 - 29 март, 2026

(Фото) Братската љубов пукна: „Тој беше мојот најдобар пријател, Холивуд го изџвака, не го препознавам Мел Гибсон“

Донал, братот на Мел Гибсон разочаран од својот брат раскажа потресна приказна за американските медиуми.

„Тој беше мојот постар брат, мојот најдобар пријател. Немаше љубомора, бев среќен затоа што стана славен. Сепак, тоа го промени, почна да верува во она што се зборува и пишува за него. Мел кој го знаев едноставно исчезна, вели Донал и продолжува:

„Холивуд го изеде, го изџвака и го исплука. Славата и парите му го испраа мозокот и тој стана чудовиште. Го мразам поради тоа што стана“, заклучува тој.

Двајцата браќа соработувале на заедничкиот проект „Пасија“ кој беше многу успешен и заработиле дури 425 милиони долари, но братската љубов не опстојала долго време. Донал неодамна проговори за својот брат, за кој вели дека Холивуд го променил.

Донал тврди дека трпи последици поради „Пасија“, кој беше прогласен за антисемитски филм, а го режираше неговиот постар брат. Освен тоа, Мел имал и испад кога полицијата го запрела во пијана состојба и ги навредувал Евреите.

„Не очекував да ме издржува, но пред „Пасија“ редовно работев на филмски проекти, а потоа кога Мел беше поврзан со антисемитизам, луѓето мислеа дека и јас ги мразам Евреите затоа што сум негов брат и засекогаш ме отпишаа“, вели помалиот брат.

Да потсетиме, Мел Гибсон во таа прилика ги обвини Евреите за сите војни во светот.

Слични објави

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо
Се вчитува....