7.8 C
Скопје
16:56 - 18 февруари, 2026

(Фото) Божиќната погача со крст на средина на Ана Ивановиќ

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ се огласи на социјалните мрежи и им го честиташе православниот Божиќ на сите верници.

Таа објави две фотографии на својот инстаграм-профил, на првата држи погача во рацете, додека на другата фотографија е фатен дел од нејзината маса.

Ана објавила и кратка, но убава порака за сите оние што деновиве го слават Божиќ.

– Среќен Божиќ на сите. Уживајте во денот со вашето семејство и пријатели. Мир Божји, Христос се роди – рече таа.

Таа доби голем број одговори на оваа објава во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


Во изминатите неколку месеци, Ана беше споменувана во медиумите главно поради разводот со Бастијан Швајнштајгер, а претпоставуваме дека 2026 година ќе донесе уште неколку убави моменти.

Не е познато со кого ги поминува новогодишните и божиќните празници, но очигледно свртила нов лист во својот живот и ги поминува овие посебни денови во мир.

Да потсетиме, Ана Ивановиќ неодамна, по 9 години брак, официјално се разведе од поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, со кого има три деца.

Неодамна зборуваше за приходите и приватните бизниси што ги започнала по завршувањето на спортската кариера.

– Имам неколку деловни проекти. Козметичката линија е нешто што ми е блиску до моето срце. Тоа е нешто што сама го креирав, со помош на професионалци на тоа поле Тоа е органска козметика. Отсекогаш сум сакала да се грижам за себе на природен начин, но тоа често беше тешко да се најде, да биде природно, да биде органско. Сакав да создадам нешто за кое сто отсто знам од каде доаѓа и каков квалитет е. Имам одличен тим, сакам тоа да се развие. Бастијан ја користи мојата линија! – рекла тогаш Ана Ивановиќ во поткастот „Алесто“.

Слични објави

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Еспресо

Откако брутално го претепаа син ѝ, Снежана Ѓуришиќ го откажа учеството на концертот посветен на Шабан Шаулиќ

Еспресо

(Фото+видео) Проѕирно и горе и долу: Рада Манојловиќ носела проѕирен фустан, а само гаќи под него

Еспресо
Се вчитува....