02:06 - 5 април, 2026

(Фото) Бора Чорба ја истетовирал 28 години помладата сопруга преку цела рака

Познатиот српски музичар Бора Ѓорѓевиќ (71) пред камерите ја покажа новата тетоважа, која ја направил од љубов кон 28 години помладата сопруга Дубравка, пишува српски „Блиц“.

– Да ви покажам… Тоа е Дубравка. Таа е секогаш тука, присутна – истакнал тој, а потоа покажал како изгледа цртежот на неговата рака.

– Патем, тоа е слика од концертот, додека таа занесено ме слушала… Тоа беше уште додека таа занесено ме слушаше… (се смее) Се разбира, се шегувам! – изјавил Бора Ѓорѓевиќ во емисијата на Мира Адања Полак, која е снимена во Љубљана, каде што живее со години.

– Сè уште не сум забележал дека стареам, уште сум во пубертет! Факт е, сепак, дека почнаа да се расипуваат делови… (смеа) – истакна тој.

До уши е вљубен во сопругата, покрај која нашол сè што барал во животот, а од животот во Словенија е презадоволен.

– Да не дојдев овде, веројатно ќе згаснев некаде по пат, премногу дивеев, претерував. Сфатив дека одам во погрешна насока кога деловите почнаа да откажуваат, а нема резервни делови. Забележав дека би било добро да одам кај генералот… (се смее) Се запуштив, не реагирав веднаш. Тоа е толку логично, нели… Човек си мисли: „Ќе туркам додека можам“ – рекол Бора.

– Не сум загрижен. Сега знам покрај кого сум, со кого живеам, кој ме сака, логично е да потраам што подолго, чувствувам љубов и од луѓето – заклучил Бора во емисијата.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....