10:27 - 6 април, 2026

(Фото) Блесна прстен на раката на Јована Јеремиќ: Дали се свршила со Тигар, водителката се огласи…

Српската водителка Јована Јеремиќ повторно привлече големо внимание на јавноста. Овој пат причината е прстенот што блеснал на нејзината рака и веднаш покренал бројни коментари и нагаѓања.

Јована се огласила од Јахорина, каде што е на зимување. На социјалните мрежи споделила фотографија на која пие вино и ужива по скијањето, и тоа дури на минус 12 степени. Меѓутоа, она што на сите им го привлекло вниманието бил златниот прстен со циркони.

Водителката во моментот ужива во љубовта со Милош Стојановиќ Тигар, а следбениците веднаш почнале да се прашуваат дали прстенот има посебно значење. Сепак, Јована не се огласила директно за тоа.

Во 2025 година, Јована ја пронајде среќата покрај Милош Стојановиќ Тигар. Иако не сака премногу да зборува за деталите од нејзиниот приватен живот, таа јасно стави до знаење дека е емоционално исполнета.

– Реков дека нема да проговорам ниту збор за мојот приватен живот, останувам доследна на тоа. Блескам, среќна сум, задоволна. Го организирав мојот живот совршено – рекла водителката, додавајќи дека некои големи желби не се оствариле, но дека таа го прифаќа „она што Бог го кажува“.

Да ве потсетиме дека новиот емотивен партнер на водителката Јована Јеремиќ, Милош Стојановиќ, попознат како Тигар, привлекува сè поголемо внимание кај јавноста.

Јована за српски „Блиц“ изјавила дека е среќна, но дека сега нема намера да го запознае својот партнер со никого.

– Веќе не зборувам за мојот приватен живот јавно. Кога ќе направам свадба и кога ќе забременам, сите ќе бидете поканети. Дотогаш нема да коментирам ништо. Среќна сум. Доста е – рекла водителката.

Слични објави

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.
Се вчитува....