08:55 - 2 април, 2026

(Фото) Би рекле ли дека има 59 години? Деми Мур изгледа неверојатно во костим за капење

Никогаш не би рекле дека има 59 години. Глумицата и поранешна сопруга на Брус Вилис, Деми Мур, изгледа нереално во костим за капење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andie (@andieswim)

Деми Мур (59) придвижи цела лавина позитивни коментари за својот изглед со објавената серија фотографии во костими за капење за потребите на кампања за светски познат бренд.

Филмската ѕвезда е на крајот од шестата деценија, но кога ќе ги погледнете нејзините објави, никогаш не би помислиле. Веднаш по објавувањето на фотографиите следуваа позитивни коментари, а фокус на интересот е нејзиното тонирано тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andie (@andieswim)

Но која е тајната на изгледот?

Актерката во својата автобиографија „Inside out“ откри дека порано била опседната со својата тежина и се трудела да изгледа што е можно послаба.

– Мојата работа беше да се вклопам во таа воена униформа што ќе ја носам два месеци. Не можев да престанам да вежбам… Постојано размислував за моето тело. Исклучував јагленохидрати, трчав, возев велосипед… Меѓутоа, кога се подготвував за улогата во „Војникот Рајан“ беше јасно дека ја достигнав границата. Кога се вратив дома,  сфатив дека морам да бидам своја и се откажав од напорните вежби и почнав да го сакам своето тело – рече своевремено Мур.

После тоа, Деми одлучила фокусот на вежбањето да биде на стомакот и рацете, но дека нема да се труди да ослабне килограми, туку да одржува добра форма.

– Нема гладување, се се сведува на слушање на телото. Јадам кога сум гладна, веднаш престанувам кога ќе се почуствувам сита – изјавила актерката во врска со исхраната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andie (@andieswim)

Тренерот на познатата актерка откри неколку златни правила кои таа ги следи и благодарение на нив има изглед на девојка:

Исклучете ја брзата храна, слатките и газираните пијалоци
Намалете го внесот на кофеин на минимум
Пијте чаша вода пред секој оброк
Гответе храна, не користете готови оброци.
Јадете повеќе овошје, зеленчук и јаткасти плодови
Намалете го алкохолот, но не исклучувајте го целосно
Јадете мали порции месо и јаглехидрати. Дајте им предност на зеленчукот и протеините
Намалете го внесот на сол, бидејќи предизвикува надуеност
Избегнувајте лоши масти како преработено масло и путер
Засладувачите се строго забранети. Иако имаат минимални калории, тие можат сериозно да ги оштетат органите

Правилата до кои се придржува Деми Мур не се особено строги и тешки и секако се одлични во одржување на добрата енергија и кондиција , но и за подобрување на здравјето на целиот организам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andie (@andieswim)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Слични објави

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо
Се вчитува....