7.8 C
Скопје
20:46 - 1 април, 2026

(Фото) Бен Афлек ги собра последните „партали“ од заедничкиот дом со Лопез: Изразот на лицето кажува сè

Холивудскиот актер Бен Афлек конечно сосема се исели од замокот „од соништата“ во кој живееше со пејачката Џенифер Лопез, соопштуваат американските таблоиди.

Инсајдер близок до ѕвездите изјавил за списанието Пипл дека Бен Афлек ги собрал сите негови работи и ги однел во изнајмената куќа каде што сега живее, додека Џенифер Лопез била на одмор во Италија.

„Бен продолжува да живее во Брентвуд. Таму е веќе околу два месеци. Веројатно е добро. Секој ден е во својата канцеларија и се чини дека е фокусиран на својата работа. Тој, исто така, поминува време со своите деца“, рече друг извор.

Во мај се појавија гласини дека Џенифер Лопез и Бен Афлек имаат сериозни проблеми во бракот. Беше објавено дека актерот се иселил од нивната куќа и се преселил во изнајмена куќа во близина на неговата поранешна сопруга, Џенифер Гарнер со која има деца.

Џенифер Лопез минатата недела отиде на одмор. Пејачката беше забележана во друштво на пријатели во Италија. Во тој период, Бен Афлек останал со своите деца во Лос Анџелес. Но дел од времето го искористил и да се исели од заедничкиот дом со Лопез.

Неделен хороскоп (од 1 до 7 јули): Магнетска привлечност за Лавовите, возбудливи денови за Близнаците, промени за Девиците…

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....