12.8 C
Скопје
19:04 - 3 април, 2026

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Македонската модна дизајнерка Ива Спасовска го одбележа својот 36. роденден во Чикаго, градот во кој живее повеќе од шест месеци, организирајќи интимна, но стилски прецизно осмислена забава во домашна атмосфера.

Прославата била во знак на белата боја – од декорацијата до дрес-кодот. Просторот бил украсен со бели балони и минималистички детали, додека трпезата изобилувала со внимателно аранжирани специјалитети, торта со јагоди и златни свеќички.

Фото: Инстаграм/Ива Спасовска

Спасовска избрала впечатлив стајлинг инспириран од естетиката на Џеки Кенеди – бел костум со префинета линија, мал шешир и бели дизајнирани хулахопки, со што целосно ја заокружила концепцијата на вечерта. Фотографиите што ги сподели на Инстаграм откриваат внимателно осмислен амбиент и опуштена атмосфера меѓу гостите.

Фото: Инстаграм/Ива Спасовска

Меѓу присутните биле нејзини пријатели од Чикаго, кои ги запознала во изминатиот период, како и нејзината најдобра другарка од детството, која со години живее во САД.

 

„Срце полно радост“, напиша дизајнерката во описот на објавата, дозволувајќи им на следбениците да ѕирнат и во приватниот дел од домот – аголот каде се шминка, ја чува козметиката и личните ситници.

Фото: Инстаграм/Ива Спасовска

 

Слични објави

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо
Се вчитува....