18:53 - 6 април, 2026

(Фото) Арнолд Шварценегер и Џејми Ли Кертис повторно заедно по 30 години: Невројатната двојка во нова мисија

„Вистински лаги“  (True lies) е единствениот филм каде Кертис и Шварценегер глумеа заедно, но тие одржуваа срдечни односи до денес.

64-годишната американска актерка и писателка Џејми Ли Кертис на Инстаграм сподели фотографија на која позира гушкајќи го 75-годишниот Арнолд Шварценегер. Пред 30 години, актерите глумеа маж и жена во блокбастер филмот Вистински лаги.

Овој пат тие повторно се обединија, но не за филм, туку во хуманитарни цели. Ѕвездите ја покажаа својата поддршка за After-School All-Stars, непрофитна организација која работи на затворање на јазот во можностите за младите со ниски приходи. Мисијата на организацијата е да „обезбеди сеопфатни програми после училиште кои се грижат за безбедноста на децата и им помагаат да успеат во училиштето и во животот“.

инстаграм

На настанот Кертис носеше традиционален германски фустан и цветна круна, што очигледно беше дел од темата на настанот. Арнолд се одлучи за потрадиционална црна маичка, која ја комбинираше со шорцеви и високи чорапи.

инстаграм

Заедно со нив на фотографијата може да се види и готвачот Ханс Рокенвагнер, облечен во традиционален германски стил. Тој предводи неколку познати ресторани во Германија, Швајцарија, Чикаго и Лос Анџелес.

инстаграм

Инаку, акциониот филм Вистински лаги, напишан и режиран од Џејмс Камерон, беше премиерно прикажан во кината на 15 јули 1994 година и се веруваше дека ќе стане еден од најдобрите летни блокбастери. Така и беше, багодарение на двојката Шварценегер – Кертис. Во времето на неговото деби, тој беше најавен како прв филм кој чини над 100 милиони долари.

 

 

Слични објави

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо
Се вчитува....