04:25 - 20 февруари, 2026

(ФОТО) Антонио Бандерас во кревет ја прослави годишнината од врската со 24-години помладата банкарка

Шпанскиот заводник Антонио Бандерас и неговата девојка, банкарката Никол Кимпел, во бели наметки и опкружени со црвени балони, ја прославија 8-годишнината од нивната врска.

Антонио и Никол се запознале на филмскиот фестивал во Кан во 2014 година, а 61-годишниот актер тогаш беше во процес на развод од својата втора сопруга Мелани Грифит (64), со која беше во брак 18 години.

„Ќе ја сакам засекогаш“, рече Бандерас тогаш за Мелани. Тие останаа во добри односи и заедно ја одгледуваат ќерката Стела.

Холанѓанката Никол е 24 години помлада од актерот. Кога Бандерас ги почувствувал симптомите на срцев удар во 2017 година, Никол му го спасила животот.

-Таа тогаш имаше главоболка, а бидејќи немавме ништо во куќата, отиде да купи лекови против болки или нешто слично. Единствено што нашла бил аспирин, и тоа најјак, мислам 5 милиграми. Следното утро ги почувствував симптомите и бев свесен што се случува, а таа ми стави аспирин под јазикот и ми го спаси животот – откри Бандерас на гостувањето кај Џими Кимел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonio Banderas (@antoniobanderas)

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....