7.8 C
Скопје
23:54 - 31 март, 2026

(Фото) Анѓелка Прпиќ ужива во бременоста: „Денес тема сум јас, утре ќе бидеш ти!“

Актерката Анѓелка Прпиќ ги почести своите следбеници на социјалните мрежи со фотографија на која се гледа нејзиниот труднички стомак.

Анѓелка позираше на сонце, додека ја стави раката на стомакот и истакна дека ужива и се одмара за време на викендот.

„За плановите за викенд“, напиша актерката која е во седмиот месец од бременоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)

Многумина ѝ честитаа и ѝ напишаа дека преубаво изгледа.

Како што е веќе познато, Анѓелка чека дете со Марко Жугиќ, пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ и венчален кум од поранешниот брак.

Нивната љубовна врска наиде на критики, но тие не обрнуваат премногу внимание на тоа.

– Мислам дека нормален човек не се навикнува на овие работи. Зошто би се навикнале на грдото и примитивното? И не сакам да се навикнам. Од друга страна, не станува збор дека од дрвата не ја гледаме шумата. Сега темата сум јас, утре ќе бидеш ти, но се работи за нарушен компас и вредносен систем, каде темата не е дали се истурил амонијак, туку темата е нешто сосема друго, изјави таа претходно.

Анѓелка и Марко моментално се подготвуваат за венчавката која ќе се одржи во строга тајност.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....