16:38 - 5 декември, 2025

(фото) Андријана Јаневска ужива во Италија, објави ретка опуштена слика од плажа

Андријана Јаневска е жена која статува да постогне на повеќе страни, таа е наша познатата пејачка, виолинист и професор по музика. Инаку е семејна жена, има два сина, и мажена е за рок гитаристот Драган Гиновски- Гино од групите „Архaнгел“ и „Темпера“.  Во една прилика, таа објасни дека воопшто не е лесен патот на музичарите до успехот:

!Имам впечаток дека малку се знае за патот по кој еден класичен музичар чекори додека да созрее во професионален уметник. Ќе се обидам накратко да објаснам:

Еден професионален музичар вообичаено од 6 години посетува музичко училиште. Учи солфеж (нотно описменување) и инструмент паралелно со основното училиште. Вежба секој ден затоа што како во спортот, така и во музиката мора да постои континуирано вежбање.

Родителите треба да купат инструмент, кој подоцна треба да се замени со поскап и подобар. Секоја година детето се оценува од стручна комисија и полага завршен испит.

Во меѓувреме почнува со првите јавни настапи и концерти и учествува на државни и меѓународни натпревари. Потоа продолжува во средно училиште каде вежба по неколку часа на ден бидејќи материјалот е многу потежок.

На училиште се седи од утро до вечер, а се вежба каде ќе се најде слободно место. Концертите и натпреварите се почести. На факултет музичарот веќе почнува да се оформува и во буквална смисла на зборот мора да се предаде на професијата и да жртвува многу за да биде успешен.

Околу психолошкиот притисок (да не се погреши ниту една нота, бидејќи отиде делото) да се издржат сите тие настапи и концерти не сакам ни да зборувам, бидејќи во класичната музика едноставно нема простор за импровизации.

За цел овој период се посетуваат мастер класи, работилници и семинари. Зборувам значи за долг период од мноооогу години и тоа трае цел живот, бидејќи не смее да помине ниту еден ден без вежбање.

Да сумирам: за да се отсвири еден концерт за пијано и оркестар, да се отпее главна улога во опера од 4 саати или да се издиригира дело за хор или оркестар, треба долги години вежбање, многу скинати жици и нерви, многу пропуштени празници со семејството.

Фото/ Фејсбук

Уметноста не е работа од денес за утре. Му текнало некому на 30 години дека сака да е музичар, па ај ќе стане. Секако дека има и исклучоци, но генералната слика е оваа“.

Андријана на социјалните мрежи објави слика како ужива на море, во Италија со своето семејство, но внимание привлече уште една фотографија од нашата пејачка на плажа, како ужива на лежалка во костим за капење.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....