Ана Ивановиќ, најубавата српска тенисерка и поранешна сопруга на Бастијан Швајнштајгер, синоќа се појави на модната ревија на брендот „Викторијас сикрет“, ревија која ги собира најголемите ѕвезди меѓу моделите и е опишана како настан на годината.
Поранешната српската тенисерка Ана Ивановиќ се појави на големата модна ревија на „Викторијас сикрет“ во Њујорк во кафеав фустан со отвор на стомакот и изглед кој сите ги остави без здив.
View this post on Instagram
Ана се појавила на розовиот тепих во тесен фустан кој го откривал нејзиниот стомак, а нејзината инстаграм-приказна е полна со фотографии од „првите редови“ во кои уживала тенисерката.
Инаку, синоќа се одржа голема модна ревија на „Викторијас сикрет“.
Најубавите жени во светот прошетаа по пистата и покажаа заводливи фигури, а Ана Ивановиќ ја гледаше целата ревија од првиот ред.

Ана притоа ги снимила Ирина Шајк, која ѝ мавташе додека чекореше по пистата, Бела Хадид, Џиџи Хадид, Адријана Лима…

За оваа пригода, Ана носела елегантен фустан во кафеава боја, кој е полн хит оваа сезона.
Таа блескала како ангел на Викторија, зрачејќи со стил и елеганција.
Со сето тоа, таа комбинирала елегантен накит и едноставна чанта во иста боја.

Ноќта пред ревијата, Ана присуствувала на забавата по настанот, каде што носела сосема поинаков, но подеднакво впечатлив стајлинг – тесен црвен фустан со длабоки прерамки и цветни детали кај колковите, исечен настрана за да ги истакне половината и стомакот. Го комбинирала со едноставна шминка и малку брановидна коса, што дополнително ја истакнувала нејзината природна убавина.
